top of page

Велат дека учењето е како морска вода - колку пиеш толку си ненаситен!

Предавања, работилници, презентации, натпревари ....

Основи на јавно право





   ​Дневна подготовка за наставен час 1        и  2

 

Во улога на професор по основи на јавно право - одржување на два часови во втора година во правната насока.

Предавање за Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители на Р.М

Организација



​​Организација е многу интересен и практичен предмет. Зедно со мојата школска имав чест и задоволство да предавам во мојот клас.

Јас како говорник на јавна дискусија



Кратка едукација за човековите права, поконкретно дискусија за состојбата и правата на жената Ромка во денешното општество.

Практична настава 

Со  нетрпение чекам да дојдат часовите по пракса. Дел од тие часови ги одржуваме во Основниот суд - Прилеп, како набљудувачи на парнични, прекршочни и кривични постапки (рочишта).

Гледаме што значи примена и владеење на правото. Прекрасно искуство, зар не?

Член во комисијата за општинските натпревари 


По повод Меѓународниот ден на правдата имав чест да бидам дел од комисијата за составување на прашањата и прегледување на тестовите во категоријата основни училишта на град Прилеп.

Интересно е да си член на правната секција.

Види конкурс       , тест​





Работилници, презентации за членовите на ЛМО

​​
Локалната Младинска Организација е местото каде што членуваат околу 90 другарчиња. Со цел да се подобрат капацитетите на членовите имам одржано голем број на работилници и презентации. Храброст е да се работи со младите и за младите!

bottom of page