top of page

За мене ....

                                     Доан Сулејманоски​

      

 Здраво,



          Јас сум Доан Сулејманоски и имам 18 години. Учам во СОЕПТУ„Кузман Јосифоски – Питу“ Прилеп и сум 4 година профил правен техничар.

          Првиот чекор во образованието го остварив во 2000 година во ООУ„Добре Јованоски“ Прилеп, каде го завршив основното образование.

          Мојата цел беше да завршам средно образование и се приближив до тоа.               Но, другите идни големи замислени цели кои нестрпливо чекаат остварување и имплементација се дипломирањето на некои од правните факултети во земјата, магистрирање, полагањето на правосуден испит и на крај докторатурата поврзана со казненото или меѓународното јавно право.

Факти за мене:



Омилени предмети: Уставно право, Основи на јавното право, Социологија


Мои идоли: Мартин Лутер Кинг, Тоше Проески, Благоја Спиркоски - Џумерко


Омилени активности: Пишување на есеи, драми, поезија, facebook, дружење, готвење, излет, говорење, рецитирање, глумење, трчање, прошетка во природа, одење на театар, свирење на мандолина.



Омилени книги: „Чичко Горио“ и „Пиреј“

bottom of page