top of page

Цел

       Јас не би бил јас и не би се чувствувал човечки во заедницата доколку не сум почитуван, удостоен, задоволен, еднакво третиран и слободен во своите мисли и ставови. Општеството би било уште поубаво место за живот доколку секој од нас поседува општествена лојалност, одговорност и самодисциплина.



      Една од идеите водилки во животот е да создадеме место каде што секој ќе си ги остварува своите права, ќе биде задоволен од правниот систем во државата и без оглед на неговите карактеристики непречено ќе се интегрира и ќе си ги остварува своите загарантирани права. Држава во која што ќе имаме беспрекорно законодавство, судство и уште подобро образование.







    Мојата мисија е целосна професионална надоградба на моите капацитети и знаења од областа на правото и другите тесно поврзани науки (социологија, политика идр) преку континуирано и ажурно следење на општествените промени, потребите на човекот и заедницата,  и придонес за креирање на добри прифатливи политики и правни норми кои ќе бидат во согласност со стандардот на нашата земја и во насока кон непречени ЕУ ИНТЕГРАЦИИ.

 

 





 

     Мојата визија е успешно да завршам високо образование, а потоа да се посветам кон специјализација на одредена правна област. Попрецизно - сакам да бидам судија.

Но, ми провејува само за момент да бидам професор (учител кој пренесува знаења и искуства) во училиште или пак универзитет.

Токму затоа би рекол дека мене најмногу ме исполнува областа на правото и пренесување на знаењата и искуствата.







Слободоумност          Независност           ​ Објективност   ​​

Професионалност   ​  Лојалност                Креативност​​

​Амбициозност         ​ Иновативност        Праведност

Храброст                     Транспарентност   Посветеност
Тимска работа 

Мисија

Визија

Човекови ВРЕДНОСТИ кои ги ценам .....

bottom of page